Кинезите ќе го загубат Интер поради 400 милиони евра ?!

Стивен Жанг вели дека нема разговори со ПИФ за купување на Интер/ фото: EPA/ALESSANDRO DI MARCO

Сопствениците на Интер на комисијата за супервизија и дадоа гаранции дека ќе ги почитуваат финансиските обврски до јуни годинава…

Компанијата Сунинг која е во сопственост на семејстовото Жанг забрзано работи на пронаоѓање на нов газда на Интер бидејќи се соочуваа со сценарио според кое би го загубила италијанскиот тим идната година.

Проблемите за Сунинг започнаа од минатата година кога кинеската влада им забрани на компаниите да инвестираат во спортски екипи надвор од Кина, односно ја ограничи сумата која смеат да ја вложуваат, а проблемите за сопствениците на Интер се зголемија поради пандемијата на коронавирусот. Според „Фајненшл тајмс“, на Интер му се потребни 200 милиони евра само за да преброди кризата и ја заврши сезоната, додека компанијата Сунинг е во минус од 1.2 милијарди евра.

Поради тоа веќе е започнат процесот на пронаоѓање на потенцијален купувач на Интер, а првата понуда на инвестицискиот фонд „BC Partners“ во висина од 750 милиони евра е одбиена од семејстовото Жанг.

Но, италијанските медиуми денеска објавуваат дека Интер може да падне во рацете на инвестициската банка Голдман Сакс доколку компанијата Сунинг до ноември 2022 година не го испплати долгот од 375 милиони евра. Стивен Жанг веќе започнал преговори со банката за репрограмирање на долгот и доколку не дојде до договор, Интер ќе добие нив сопственик за без пари.
Интер во декември 2017 година приложи акции во вредност од преку 300 милиони евра како гаранција за оптпла на заемот, а рокот истекува во ноември 2022 година и доколку не се плати целата сума, тогаш Голдман Сакс же ги активира акциите и ќе стане нов сопственик на италијанскиот тим.

Нешто слично доживеа градскиот ривал, Милан во јули 2018 година кога инвестицискиот фонд Елиот го презеде раководењето на клубот од кинескиот бизнисмен Ли Јонгхонг кој не успеа да ја исплати позајмицата од 303 милиони евра.

За тоа колку е сериозна кризата во Интер покажува и комисијата за супервизија за следење на финансиската состојба на професионалните екипи „Ковисок“ чија ревизија покажа дека долгот на клубот само за палти на играчите, стручниот штаб, вработените и неподмирените обврски изнесува 195 милиони евра. Поради тоа Ковисок, бараше гаранции од Сунинг дека финансиските обврски ќе ги подмири според предвидениот план, а компанијата се обврза дека може да ги исплаќа своите обврски само до јуни годинава…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот