Кина воведува здравствен пасош

Ковид пасош/ Фото: Профимедиа
Кина воведе електронски пасош за своите граѓани што ќе го покаже нивниот здравствен статус кога патуваат во странство или ќе се вратат во земјата, што може да доведе до поголемо отворање на кинеските граници.
Овие здравствени сертификати за меѓународно патување се во форма на апликација за паметен телефон и содржат здравствени податоци на патниците, како што се нивните ковид тестови, ПЦР и за антитела и статусот на вакцинација.

Засега, апликацијата е задолжителна и резервирана само за Кинезите. Таа ќе им обезбеди поголема удобност при патувањето кога ќе се склучат договори за заемно признавање на здравствените сертификати на Кина и други земји, објави агенцијата Ксинхуа.

„Целта на апликацијата е да се промовира обновата на светската економија и да се олесни преминувањето на границите”, соопшти Министерството за надворешни работи.

Во соопштението не се наведени специфичните работи на кои носителите на електронски пасоши имаат право, ниту дали други земји планираат да ги признаат.

САД и Велика Британија планираат да покренат слични системи. Европската комисија ќе ја претстави идејата за „зелен пасош” во Брисел на 17 март.

Од крајот на март 2020 година, Кина дозволува влез на нејзина територија само на Кинези и ограничен број странци. Исто така, значително ги намали меѓународните летови.

Дозволен е влез само на странски дипломати, бизнисмени или странци кои имаат постојан престој во земјата.

Сите патници по пристигнувањето во земјата треба да одат во карантин, 14 дена во хотел на свој трошок. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот