Кина се бори со падот на наталитетот, Сечуан им дозволува на невенчаните да имаат деца

Кина родители и деца/ Фото EPA/DIEGO AZUBEL

Здравствените власти во кинеската југозападна провинција Сечуан ќе им дозволат на невенчаните лица да основаат семејства и да уживаат во придобивките на брачните двојки, во најновиот обид да се запре падот на наталитетот.

Според законот, во Кина им е дозволено да раѓаат само на мажените жени, но со оглед на тоа што браковите и стапката на наталитет паднаа на рекордно ниско ниво во последниве години, провинциските власти го изменија правилото од 2019 година за да ги вклучи самците кои сакаат да имаат деца.

Брачните парови и сите поединци кои сакаат потомство ќе можат да се регистрираат во петтата најнаселена кинеска провинција од 15 февруари, без ограничување на бројот на деца. Целта на мерката е „да се промовира долгорочен и рамномерен развој на населението“, објави здравствената комисија во Сечуан на својата веб-страница.

Досега Комисијата тоа им го дозволуваше само на брачните парови кои сакаа да имаат до две деца.

Населението на Кина се намали минатата година за прв пат по шест децении, што е историски пресврт, а се очекува падот да продолжи. Оваа можност ги принудува властите да воведат стимулации и мерки за зголемување на населението.

Националниот систем на регистрирање парови кај локалните власти обезбедува породилно осигурување кое ги покрива медицинските сметки и им овозможува на мажените жени да ја задржат својата плата за време на породилното отсуство. Овие бенефиции сега ќе се прошират на невенчаните жени и мажи во Сечуан, кој е на седмото место во земјата по бројот на постари од 60 години, покажуваат владините податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот