КИНА РЕЦИПРОЧНА: Американските дипломати треба да ги информираат властите пред нивните средби

Фото: Профимедиа

Кинеските власти соопштија дека воведуваат реципрочни мерки за американски дипломати на нивна територија. Од сега натаму, тие ќе треба да ги информираат властите пред да имаат средби со чиновници или експерти.

Кинеското МНР треба да биде информирано пет дена пред каква било средба.

Портпаролка на Министерството објасни дека таа одлука е одговор на мерки преземени од САД во октомври.

– Ги повикуваме САД да ги поправат грешките и да се откажат од такви мерки, изјави портпаролка на МНР на Кина.

Во октомври Вашингтон им нареди на сите кинески дипломати да го известат Стејт департментот за секој официјален контакт со дипломати, претставници на локални власти и образовни институции како и на иследници.

Администрацијата на Трамп објасни дека тие мерки се одговор на фактот дека американски дипломати во Кина не може да се сретнат со претставници на властите и експерти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот