Кина: Откази за здраствени функционери поради засилување на епидемијата на ковид-19

Фото: EPA-EFE/WANG HAIBIN CHINA OUT

Менаџер на болница и директорот на здравствената комисија во источниот кинески пристаништен град Чингдао се отпуштени од работа поради појавата на ново локално жариште на епидемијата на коронаирусот.

Во краткото соопштение на градската влада се наведува дека под истрага се наоѓаат директорот на Комисијата за здравство, Суи Џенхуа и Денг Каи, управителот на торакалната хируршка болница, каде што биле регистрирани случаите на инфекција.

Властите во Чингдао наредија тестирање на сите девет милиони жители откако потврдија дека се заразени вкупно 12 лица, шест со симптоми и шест без симптоми. Вчера беше соопштено дека за само неколку дена направени се осум милиони тестови. Меѓу петте милиони добиени резултати во меѓувреме, нема заразени.

Чингдао е големо трговско пристаниште и индустриски центар познат по електроника и истоимената пиварница, најпозната во Кина, е седиште и на Северната флота на морнарицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот