Кина и Јапонија одложуваат важни настани поради коронавирусот

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Кина објави дека размислува за одложување на годишното заседание на парламентот, а Јапонија одлучи дека оваа година нема да се оддржи прославата на роденденот на царот Нарухито, сѐ поради страв од понатамошно ширење на коронавирусот.

Дали Кина ќе ја одложи седницата која според распоредот треба да се оддржи на почетокот на март ќе одлучува на 24 февруари. Олуката ќе ја донесе Постојаниот одбор на Секинескиот народен конгрес, пренесува агенцијата „Нова Кина“.

Кина во понеделникот извести за нови 2048 сучаи на заразата, од кои 1933 се во провинцијата Хубеи од која и започна епидемијата. Ширум земјата се заразени 70 илјади луѓе, пренесува Би-Би-Си.

И Јапонија во понеделникот објави дека ќе ги ограничи јавните собири за да спречи понатамошно ширење на коронавирусот. Земјата се одлучи да се откаже од организација на прославата на роденденот на јапонскиот цар Нарухито, која требаше да се оддржи на 23 февруари, прва по неговото крунисување минатата година.

Тој настан традиционално привлекува десетина илјади луѓе во Царската палата во центарот на Токио. Последен пат таква прослава е откажана во 1996 година, поради заложничка криза во јапонската амбасада во Перу.

Токио одлучи да ја ограничи и маратонската трка само на професионални тркачи, иако за трката се имаа пријавено 38.000 луѓе. Токискиот маратон е еден од најголемите на светот.

Сепак, сега на него ќе трчаат 176 професионални маратонци и 30 параолимпијци.

Токио оваа година е домаќин и на летниоте Олимписки игри. Организаторите засега не размислуваат за откажување на овој елитен спортски настан кој привлекува милиони луѓе од сите страни на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот