Кикиљас: Туристите да ги почитуваат правилата, како што тоа го сторија и Грците

Туристите да ги почитуваат правилата и здравствените протоколи исто како што тоа го сторија Грците, побара министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас за време на неговата посета на Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

-Како што внимаваа моите сограѓани и ги почитуваа мерките, создадоа таква култура што земјата успеа и стана пример, не би сакал сега да го расипеме тоа и барам, истото да го сторат и нашите туристи.

Да ја почитуваат нашата земја, рече Кикиљас додавајќи дека треба да се почитуваат здравствените протоколи за да нема голем број случаи на Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот