Киев му одговори на папата: Украина никогаш нема да крене бело знаме

Папата Франциск со украинско знаме што му го испратиле од Буча кај Киев - Фотографија ЕПА, Еторе Ферари

Украина високо ќе го вее своето жолто-сино знаме и никогаш нема да крене бело, му одговорија властите во Киев на папата Франциск, кој говорејќи за војната во Украина во интервју изјавил дека „кревањето бело знаме е знак на храброст“.

Неговата изјава беше протолкувана како повик до Украина да се предаде, иако Ватикан појасни дека тоа било „повик за преговори“.

– Нашето знаме е жолто-сино. Тоа е знамето за кое живееме, за кое ќе умреме и за кое ќе триумфираме. Никогаш нема да кренеме други знамиња – порача шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба.

На изјавата на папата реагираа и министерот за надворешни работи на Полска Радек Шикорски.

– Папата Франциск треба да го повика (рускиот претседател Владимир) Путин да собере храброст за да ја повлече својата војска од Украина, зашто така би настапил мир и нема да има потреба од преговори – порача Шикорски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот