Киднапиран новинар во Мексико

Полиција Мексико/ Фото Архива на Слободен печат

Во државата Веракруз, на истокот на Мексико, киднапиран е новинар, известија вчера властите кои ја започнаа потрагата. Ричард Вила, кој ги следел полициските истраги, бил киднапиран од вооружени лица додека го поправал својот мотоцикл, објавија локалните медиуми.

Локалната Комисија за заштита на новинарите за покраината Веракруз соопшти дека организирала „операција за пребарување“ заедно со државното обвинителство и локалното министерство за безбедност.

Мексико се смета за една од најопасните земји во светот за новинарите, со повеќе од 150 убиени од 2000 година, според податоците на Репортери без граници. Минатата година беше црна година за новинарите, со 13 загинати, соопшти Владата.

Повеќето убиства на новинари остануваат неказнети. Во мексиканските сојузни држави најпогодени од насилството на нарко бандите, новинарите работат во небезбедни услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот