Кичево денеска ќе биде без вода за пиење

Прекин на водоснабдување фото МИА

Прекините ќе бидат на булевар „Oслободување” и тоа во делот од обиколницата на автопатот Охрид-Скопје до обиколницата кај бензинската пумпа „Пучко Петрол”, потоа улиците „11 Септември”, „4 Јули” и улицата „11 Декември”.

Во градот Кичево денеска корисниците на вода за пиење претежно во централното градско подрачје од 8 до 14 часот ќе бидат без вода за пиење, информираат од JКП „Комуналец” што стопанисува со водоснабдувањето во оваа општина.

Прекините ќе бидат на булевар „Oслободување” и тоа во делот од обиколницата на автопатот Охрид-Скопје до обиколницата кај бензинската пумпа „Пучко Петрол”, потоа улиците „11 Септември”, „4 Јули” и улицата „11 Декември”.

– До овој прекин ќе дојде поради остранување на поголем дефект на еден од вентилите на главниот цевковод во овој дел на градот, објаснуваат од кичевски „Комуналец”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот