Кејтлин Џенер сака да биде гувернерка: По Канје уште еден член од семејството дел од политиката

ЕПА
Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Канjе Вест не стана нов претседател на САД, но доаѓа ново изненадување од кланот Кардашијан – Џенер. Поранешната олимпијка и ријалити ѕвезда Кејтлин Џенер размислува за кандидатура за гувернерка на Калифорнија.

Колку е сериозна во оваа идеја, покажува и фактот дека таа веќе започна да собира политички советници за нејзината кампања, изјавија блиски извори за „Аксиос“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caitlyn Jenner (@caitlynjenner)


Актуелниот гувернер, демократот Гавин Невсон, во моментов се соочува со можна оставка поради кампањата што ја започнаа републиканците. Имено, тие се лути на неговата имиграциска и даночна политика, а нивните напади добија нова сила поради незадоволството од начинот на управување со кризата со коронавирусот.

Поранешниот гувернер на Калифорнија, демократот Греј Дејвис, се соочи со слични проблеми во 2003 година. Тој беше отпуштен, а на негово место беше поставен републиканецот Арнолд Шварценегер, актерот познат по улогата во филмовите „Терминатор“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caitlyn Jenner (@caitlynjenner)


Кејтлин Џенер е истакната републиканка која порано го поддржуваше поранешниот претседател Доналд Трамп, а сега очекува дека би можела, исто како и Шварценегер, да привлече големо внимание на јавноста кон трката да ја води најнаселената држава во САД.

Во разговорот со советниците и помага Каролин Врен, која исто така беше задолжена за кампањата на Доналд Трамп.

Двете дами се сретнале, а според изворите, преку американскиот фонд за единство (непрофитна организација фокусирана на ЛГБТ + прашања), нивните портпароли одбиле да коментираат за соработката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот