кејт мидлтон
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам среќни и вљубени: Идниот крал воведува промени во монархијата

Иако од самиот почеток на нивната љубов принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се придржуваа до одлуката на кралицата Елизабета Втора членовите на кралското семејство да не покажуваат емоции во јавноста, овој пат војводата и војвотката од Кембриџ не одолеаа на прегратките и бакнежи, без разлика на погледите.

кејт мидлтон
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам / Фото: Принтскрин/Јутјуб

За време на хуманитарниот поло натпревар во Виндзор, на кој учествуваше и самиот принц Вилијам, војводата и војвотката од Кембриџ ја изненадија публиката, но и фотографите, кои ја искористија приликата и овековечија прекрасни моменти на нежност, на кои не сме навикнати.

Вљубените и среќни Кејт и Вилијам изгледаат како од вчера да се во врска, а овојпат не се двоумеле да си разменат прегратки и неколку бакнежи, па макар и на образ.

Среќата дополнително ја засили и победата на тимот на Вилијам, како и собраните повеќе од милион долари кои ќе одат во различни добротворни цели.

Инаку, одамна е познато дека кралицата Елизабета Втора, бабата на Вилијам, никогаш не се согласувала членовите на кралското семејство да разменуваат нежности во јавноста, но се чини дека идниот крал решил да воведе некои промени во монархијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gardrop Kedisi (@gardropkedisi)

Двојката неодамна донела одлука и се преселила од Лондон во Беркшир, се со цел да бидат што поблиску до семејството, но и нивните деца Џорџ, Шарлот и Луис да растат далеку од љубопитната јавност. Поради фактот дека на само неколку километри подалеку, во селото Баклбери, живеат родителите на Кејт Мидлтон, почнаа да се шират гласини дека и нејзината сестра Пипа и нејзиното семејство бараат идеална куќа во областа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот