Ќе нè изедат ли комарците и годинава или Шилегов ќе почне навреме да прска?

Скопјани очекуваат градската власт годинава навреме да почне со прскање против комарци за да не се случи како лани првото прскање да се спроведе дури на лето, што резултираше со наезда на комарци во главниот град.

Од Град Скопје велат дека прскањето би требало да се спроведе во текот на овој месец веднаш по завршувањето на изборот на компанија на јавниот повик, кој е во завршна фаза.

Минатата година јавната набавка за прскање против комарци започна уште на 19 февруари, а првото прскање против возрасни комарци се спроведе на 7 јули. Градоначалникот Петре Шилегов тогаш тврдеше дека доцнењето е затоа што се правела проверка на препаратите со кои се прска и консултација со соодветна здравствена институција околу тоа кое средство треба да се употреби. Поради доцнењето, Скопје беше преполно со комарци за кои не помогнаа наредните прскања, а скопјани во попладневните часови не можеа да излезат ниту на прошетка без да бидат нападнати од инсекти.

Годинава, според условите во јавниот повик се предвидени пет прскања против возрасни форми на комарци, кои треба да се спроведат од мај до септември, а трипати треба да се прска против ларви започнувајќи од март. Бидејќи веќе е април, извесно е дека и годинава ќе доцни почетокот на дезинсекцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот