Ќе „гори“ светот! „Пусикет Долс“ по 10 години се обединија и го имаа првиот настап! (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Откако пред скоро 10 години се распаднаа, една од најпознатите женски групи „The Pussycat Dolls“, повторно се собра. Првиот повратнички настап веќе го имаа во емисијата „X factor“.

Првиот настап како што кажавме, го имаа во познатата емисија, во која Никол Шерзингер (41) е член на жирито. Девојките биле многу возбудени, а Шерзингер најавила дека ова е само почеток.

– Беше сјајно што повторно настапувавме заедно. Енергијата од публиката беше неверојатна и ни даде мотив да одиме понатаму – рекла Никол.

Шерзингер по 10 години на сцената се врати со Кимберли Вајат (37), Ешли Робертс (38), Кармит Бачар (45) и Џесика Суто (37).

– Каква енегија! Чиста магија! Како да не поминало времето. Неверојатно е повторно да се биде на бината со овие девојки и тоа на врвно ниво – изјавила Кармит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот