Фото: Драган Митрески

Казнетата сестра од Неврологија: Никого на сила не сум натерала да се тестира за антитела!

Медицинската сестра од Клиниката за неврологија, која беше казнета од директорот со 20 проценти од платата, зашто учествувала во меѓународен проект за испитување антитела на коронавирус заедно со петнаесетина други медицински лица од истата Клиника, до ,,Слободен печат” испрати реакција за наводите од изјавата на директорот кои ги пренесовме вчера. Медицинската сестра инсистира на анонимност, но нејзиниот идентитет и е познат на редакцијата.

,,Ниту сум помислила, ниту сум напишала, ниту смеам да напишам упат. Тоа оди преку мој термин, исклучиво на име на доктор и на упатот стои факсимил од доктор. Никого на сила не сум натерала да се тестира ниту пак можам да ги натерам. Сите доброволно се тестираа и се потпишани. Прашањето е зошто другите не се казнети? Не е точно дека само јас сум боцкала. Крв земаа повеќе колеги, односно меѓусебно се боцкавме. Прашањето е зошто другите не се казнети? Правилникот на кој се повикува директорот важи исклучиво за проекти склучени со Клиниката за неврологија, а не и за институтот за експериментална биохемија и Институтот за имунологија кои се носители на проектот”, вели таа во својата реакција.

Синдикатот на Клинички центар бара да се поништи казната за медицинска сестра од Неврологија која зела крв од колеги за испитување антитела за коронавирус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот