Кавадарчанка и скопјанка се степале во казино

Архива

Во казино на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје вчера во 16:30 часот било пријавено дека по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу 42-годишната Г.Т. од Кавадарци и 23-годишната Т.Т. од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во продолжение ви го презентираме дополнетиот билтен на МВР:

Вчера во 19 часот Г.К.(48) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ бил физички нападнат од С.Т.(55) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.С.(44) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 19 септември минатата година во кумановското село Винце, полициски службеници од СВР Куманово и од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје пронашле и одзеле пет саксии со растението канабис, засадени од страна на пријавениот.

Денеска во 12 часот во Тетово на ул.„142“ полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.В.(19) од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека пред тоа физички го нападнал и со остар предмет го повредил Ф.З.(25) од Тетово.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 11:15 часот во Полициската станица Карпош, М.К.(62) од Скопје пријавил дека на ул.„Ловќенска“ бил каснат од куче скитник.

Утринава во 05:20 часот Г.П.(45) од с.Воиславци, радовишко, пријавил дека околу 04.30 часот пред казино во Радовиш бил физички нападнат од В.А.(20) од Радовиш.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 15 часот во Велес од полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода К.С.(27) од Велес, поради тоа што со остар предмет се заканувал на неговиот 55-годишен татко.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 20.20 часот С.Б.(18) од с.Трубарево, скопско, пријавил дека околу 02.30 часот на бадникарски оган во с.Трубарево, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.К.(42) и Д.К.(41), двајцата од истото село.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Утринава во 02.40 часот на Плоштад Македонија во Скопје од полициски службеници биле приведени С.Н.(36) и Р.М.(38), двајцата од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

По целосно документирање ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 13.50 часот во Радовиш, од полициски службеници од Полициската станица Радовиш бил лишен од слобода С.И.(44) од с.Војславци, поради тоа што во казино во Радовиш, по претходна вербална расправија, со остар предмет му се заканувал на Д.Г.(37) од Радовиш.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во 01.50 часот вчера Д.А.(33) од с.Тодоровци пријавил дека околу 01.45 часот, на излез од угостителски објект во Македонска Каменица, бил физички нападнат од С.С. од Македонска Каменица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.Ј.(27) од с.Мокриево, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“.

На 16.11.2022, пријавениот бил затекнат како со комби, сопственост на В.А.(42) од с.Мокриево, врши јавен превоз на патници во патниот сообраќај, без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз издадена од надлежен орган – Министерство за транспорт и врски.

Вчера во 12.30 часот М.Г.(68) од Битола пријавила дека на 02.01.2023 околу 15.30 часот во Битола била физички нападната од З.Г.(52) од Битола.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 13.15 часот М.А.(28) од Велес пријавила дека околу 12.30 часот во населбата Превалец во Велес нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.

Се работи на расчистување на случајот.

Во 19.20 часот вчера во СВР Тетово, Н.Ѓ.(44) од Тетово пријавил дека на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово бил каснат од куче скитник.

Денеска (07.01.2023) околу 01.20 часот било пријавено дека во казино во објект од хотел во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Ф.И.(55) од Струга, од една страна, и М.Д.(22) од с.Горно Косоврасти, дебарско, Ј.Д.(31) од с.Џепиште, дебарско и С.Р.(37) од Струга, од друга страна.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 20.10 часот Б.Т.(30) од Скопје, со привремен престој во Струга, пријавила дека околу 19 часот во влез од зграда во Струга била физички нападната од Г.М. од Струга (женско лице).

Се работи на расчистување на случајот.

Во 13.00 часот вчера било пријавено с.Челопеци, кичевско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Д.Б.(58) и З.Р.(65), двајцата од с.Челопеци.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 17.00 часот Љ.О.(44) од Битола пријави дека околу 14 часот во паркот во Битола, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот