Катерина Ацевска со бронзен медал на Гранд При турнирот во џиу џица во Париз
Македонската натпреварувачка во џиу џица, Катерина Ацевска донесе нов медал за нашата земја овој пат од престижниот сениорски Гранд При турнир во Париз, Франција.
Препорачано
И покрај повредата на зглобот од ногата во првата борба, Ацевска се бореше и се избори за бронзениот медал.
Во првото коло Македонката беше слободна како носител на листа, во второто коло загуби од Германката Сандер Лоте со 11:3, во третото коло ја победи Австријката Ема Шванзерберт со 19:7 и во борбата за трето место ја победи Лаура Хермантсен од Данска со 21:10.
– Можевме повеќе, можевме до финале. Германката што ја победи Кате не освои медал, заврши на шестото место. После повредата прашање беше дали Кате ќе продолжи со борбите, сепак Француските доктори реагираа брзо и професионално, ногата на Кате беше бандажирана и таа одлучи да продолжи со борбите. Понатаму знаете што се случи. Задоволен сум од настапот, најважно е дека Кате е добра. Освои злато во Италија, бронза на Европското во Крит, злато во Словенија, злато во Бања Лука, еве денес бронза во Париз. Одиме сигурно кон Светското првенство во Рим. Им благодарам на сите за поддршката, а посебно на мојата матична федерација и на Министерството за спорт – вели селекторот Александар Ацевски.


