Катар од корејските компании порача над 100 танкери за превоз на течен гас

Компанијата  Катар Петролеум потпиша договори за изградба на бродови со јужнокорејската „голема тројка” меѓу бродоградилиштата, од кои ќе обезбеди повеќе од 100 танкери по цена од 70 милијарди катарски риали (19,23 милијарди американски долари), објави денеска катарскиот нафтен гигант.

Потпишани се договори со компаниите Даеву бродоизградба и бродски инженеринг, Хјундаи тешка индустрија и Самсунг тешка индустрија.

Договорите на бродоградителите од Јужна Кореја за изградба на танкери за транспорт на течен природен гас (LNG) за Катар Петролеум ќе обезбедат значителна искористеност на производствени капацитети до 2027 година.

Зделката според зборовите на катарскиот министер за енергетика и извршен директор на Катар Петролеум Саад ал-Кааби е најголема програма на LNG бродоградба во историјата

„Обезбедивме околу 60 отсто од глобалнтие капацитети за градба на LNG танкери до 2017 година за да одговориме на нашите барања за танкери за природен гас во наредните 7-8 години, рече Ал-Кааби.

Тие барања според неговите зборови би можеле да „достигнат 100 и повеќе нови пловила во програма во вредност поголема од 70 милијарди катарски реали.

Катарската државна компанија е водечки производител на природен гас во светот, а до 2027 година, сака да го зголеми производството од досегашните 77 милиони на околу 126 милиони тони годишно.

Истражувачките работи во проширениот мега проект Северно поле покажаа дека потврдените залихи ги надминуваат 50 милијарди просторни метри гас, рече во ноември Кааби.

„Продложуваме со полна пареа со проектите за ширење на Северно поле. Со договори ќе ги подмириме нашите идни барања за флота танкери за гасот кои ќе одговорат на ширењето на нашите капацитети за производстводство на природен гас како и барањето за обнова на флотата на долг рок“, изјави денеска.

Иако плановите за покренување производство во новите гасни постројки се одложени за 2025 година, поради доцнењето со тендерите и пандемијата од коронавирус, Кааби во април рече дека Катар Петролеум нема да го менува планот за изградба на шест нови постројки за гасот.

Извршните директори на трите јужнокорејски компании наведени во соопштението на Катар Петролеум, не објавија посебни соопштенија за договорите, наведува Ројтерс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот