Кастратовиќ: И ние имаме што да кажеме во оваа група

рк металург

Екипата на Металург ги дозна противниците кои го очекуваат во групната фаза во Лигата на Европа и меѓу нив е поранешниот германски шампион Рајн Некар Левен. Иако нема лесни противници, во Металург се задоволни од изборот на противниците.  Покрај Металург во групата А се наоѓаат уште и Адемар Леон, Висла Плоцк, Чеховски Медведи, Тулуз и Фиверс од Австрија.

Тренерот Зоран Кастратовиќ е претпазлив во најавите, но и убеден дека во оваа група Металург ќе има што да каже.

Генерално, во оваа фаза од натпреварувањето нема слаби екипи и не очекуваат тешки натпревари. Дури четири од шесте екипи во групата, вклучувајќи го и Металург, имаат солидно искуство од настапи во Лигата на шампионите, а на некои од нив веројатно и сега им е местото таму. Сепак, сметам дека имаме противници со кои ќе можеме да се натпреваруваме и ќе имаме што да кажеме на тие средби. Многу е важно сега да го искористиме времето и да ја подигнеме формата. Мислам дека ќе успееме во тоа и ќе се претставиме во многу подобро издание од досегашното– изјави Кастратовиќ за официјалниот сајт на РК Металург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот