Официјално: Кастратовиќ е новиот тренер на Металург

фото: рк металург

Досега немаше никаков тренерски ангажман, претходно последната задача ја имаше како селектор на Иран, а го водеше и националниот тим на Црна Гора.

Тимот од Автокоманда ќе брка место во групната фаза на ЕХФ купот. Ждрепката е во вторник, „сино-белите“ се наоѓаат во групата на носители.

Официјализацијата на договорот најверојатно ќе се случи во текот на утрешниот ден.

Металург сезонава тргна со Дамир Стојановиќ на клупата, но соработката траеше кратко.

Во изминатите две седмици клубот преговараше со голем број еминентни тренери, на списокот беа и Ивица Обрван, Жељко Бабиќ, Бранко Тамше, Рафаел Гихоса и Ненад Кљаиќ, но на крајот договор е постигнат со Зоран Кастратовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот