КАРПА СМАЧКАЛА АВТОМОБИЛ ВО КИНА: Човекот мирно возел, една секунда сменила СЕ (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Огромна карпа се стркала по брдо и разбила автомобил, кој се движел по планинскиот пат во југозападна Кина, но возачот по некое чудо успеал да преживее.

Неверојатната сцена во неделата ја снимила камерата на колата која се движела зад таа, а кинеските медиуми пренесуваат дека човекот што возел ја „измамил смртта“ приклештен во малиот простор, кој бил единствениот кој не бил смачкан.

Тој дури успеал да се извлече од таму неповреден, со помош на луѓето кои застанале да му помогнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот