Карим Бензема верен на „кралевите“ до 2022 година

фото:твитер

Французинот ќе биде играч на Реал Мадрид барем најмалку до 2022 година, откако напаѓачот постигна договор со клубот, пренесува шпанската „Марка“.

Договорот ќе биде официјално потпишан во текот на летото и ќе го продолжи неговото време со „кралевите“ за една година, неговиот тековен договор истекува во 2021 година.

Како и во наредните 12 месеци, Бензема ќе добие и подобрена плата. Францускиот напаѓач штотуку наполни 32 години, а во јуни 2022 година кога ќе заврши новиот договор, тој ќе има 34 години.

Искусниот напаѓач често се поврзуваше со заминување од „Сантјаго Бернабеу“ изминатите месеци и покрај тоа што беше стандарден првотимец и регуларно постигнуваше голови.

Најчесто се поврзуваше со трансфер во лондонски Арсенал, но Бензема одлучи да остане во шпанскиот гигант.

Реал Мадрид смета дека играчот е клучна фигура на тимот и ги има предвид неговите настапи оваа сезона, во која тој е топ стрелец и носител на екипата.

Односите помеѓу Бензема и клубот се одлични, претседателот Флорентино Перез е задоволен од перформансите на својот фудбалер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот