Канада до крајот на годината ќе произведе милион вакцини

Џастин Трудо/ Архива на СП

Канадскиот премиер Џастин Трудо соопшти синоќа дека канадскиот Национален истражувачки центар Ројалмаунт ќе произведе милиони вакцини против Ковид-19, развиени од Новавакс со седиште во Мериленд.

Канадската компанија во Монтреал минатиот петок ја достави својата вакцина до Health Canada за регулаторно одобрување. Производството се очекува да почне наесен годинава, бидејќи светскиот пазар страда од доцнења во снабдувањето.

„ Ова е голем чекор напред во добивањето вакцини направени во Канада за Канаѓани. Потребен ни е најголем можен домашен капацитет за производство на вакцини. Нема да застанеме се додека секој Канаѓанец што сака вакцина не добие вакцина“, “, изјави Трудо на прес-конференција во Отава.

Минатото лето, Трудо обезбеди 98 милиони долари за Националниот совет за истражување на вакцини во државата. Трудо посочи дека поинфективните верзии на Ковид-19, што сега се засилуваат во Канада, значи дека мора да се воведат строги правила во текот на следните неколку недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот