Камион излета од патот Струмица-Валандово, едно лице го загуби животот

Фото: Слободен печат/Архива

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 14:30 часот на патот Струмица-Валандово, кај селото Костурино, откако камион со струмички регистарски ознаки излетал од патот и се превртел.

Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струница Александра Трајанова. Според неа, од првичните информации од увидот кој се уште трае, едно лице загинало, а причините за несреќата дополнително ќе се истражуваат.

Заради несреќата сообраќајот се одвиваше отежнато во двата правца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот