Камчев: Во торбите на Бојан му ставив луксузни магазини за мајтап и му ставив по 50 евра

Фото:Слободен печат/Арбнора Мемети

По завршувањето на денешното судење, Орце Камчев, кој беше сведок во случајот „Рекет“, објасни зошто во средбите се споменува и Венко Филипче, министерот за здравство.

Камчев потенцираше дека со Филипче одржал нормален состанок, бидејќи тие двајца биле пријатели долги години.

– Јас и Венко Филипче сме долги години пријатели. Тоа беше еден обичен состанок, а Бојан Јовановски бладаше, тресеше глупости. Сакаше да прави некакво јавно приватно партнерство за некаква болница. Јас откако го пријавив Бојан, ги прекинав сите комуникации со него. За овој случај, јас во торбите му ставив луксузни магазини за мајтап и му ставив по 50 евра. Боки многу се изнервира за тоа – истакна Камчев.

За вчерашниот упад на екипи на МВР во негова фирма, Камчев потенцираше дека не станува збор за никаква акција, туку дека тоа се рутински контроли.

– Значи немаше никаква акција. Тоа е редовна контрола и луѓето сфатија дека се е чисто. Со Полиестер соработуваме повеќе од 10 години и таа е наша традиционална фирма. Откако Полиестер ќе ни ги плати средствата, ќе ја затвориме таа трансакција – истакна Камчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот