Калин Ивановски освои титула во САД
Македонскиот тенисер, Калин Ивановски со екипата на Тексас Универзитет, се искачи на тронот во зимскиот шампионат, откако во финалето славеше над Охајо Стејт Универзитет со 4-2.
Препорачано
Ивановски ја одигра клучната улога во решавачкиот дуел, триумфирајќи над Престон Стринс со 2-0 во сетови (7-5, 6-4) и обезбедувајќи ја победата за својот тим по жестока и неизвесна пресметка.
Македонецот беше меѓу најзаслужните за шампионскиот поход. Во полуфиналето против Бејлор Универзитет направи пресврт и го совлада Сомбор Велч со 2-1 во сетови (3-6, 6-2, 6-3), додека во четвртфиналето беше подобар од Роланд Де Равел од ТСУ Универзитет, исто така со 2-1 (3-6, 6-3, 6-3).
Во текот на турнирот Ивановски забележа и порази д Стринс и од Арјан Шах од Вејк Форест Универзитет, а победи против Елијах Чам од Универзитет Јужна Флорида. Покрај настапите во поединечна конкуренција, Ивановски настапуваше и во двојки, каде партнер му беше Абел Форже, давајќи дополнителен придонес во походот кон титулата.

Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
7час
-
7час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


