Какви мерки презема грчката влада за справување со економските последици од коронавирусот?

Плаќањето придонеси и ДДВ во областите каде има прекин на економските активности ќе биде одложено на неколку месеци.

Со цел да ги ублажат економските последици во зафатените подрачја со корона вирусот грчката влада донесе низа мерки.

Со нив се предвидува во регионите каде што повеќе од 10 дена се прекинати економските активности плаќањето на придонеси, ДДВ, да бидат одложени на неколку месеци.

Владата во Грција упати препораки до компаниите кои имаат можност за конференциско работење, работа од дома и на интернет како и работење во повеќе смени истото да го практикуваат со цел да се избегне раздвижување како на работните места така и во јавниот превоз.

Во Грција вчера беа потврдени нови 11 случаи на новиот коронавирус, со што бројот на заразени со Ковид-19 во земјата достигна 84 лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот