Каква улога игра витаминот Д кај болните од рак?

витамини

Витаминот Д е еден од ретките што самиот се синтетизира во организмот кога сме доволно изложени на сонце. Во остатокот од времето, потребно е да се зема како суплемент.

Со негово редовно користење, тој дава одлични резултати кај луѓето кои се со зголемен ризик за заболување од рак, а кај веќе болните многу ги олеснува симптомите. Многу е важно да се нагласи дека неговата улога во вакви случаи не е превентивна, туку е олеснувачка.

Досега нема сознанија дека витаминот Д го намалува или елиминира ризикот за заболување, но истражувањата покажале дека кај болните, ја намалува смртноста, односно го продолжува животниот век.

Ова сознание ќе помогне многу во натамошните третмани и методи на лечење кај пациентите во ризичните групи, со надеж дека ќе се најде начин нивните симптоми да се олеснат и во остатокот од животот да имаат помалку болки и проблеми како последица на болеста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот