Каква е ситуацијата во Сирија? Русите патролираат на границата, Курдите имаат уште 5 дена за повлекување

Фото: Профимедиа

После договорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер Реџеп Тајип Ердоган, Русите ги спремиле своите трупи на турско-сириската граница. Тоа е дел од договорот чија цел е поместување на Курдите од таа територија.

Руските единици веќе еден ден по склопувањето на договорот влегле во два клучни града Кобан и Манбиџ. Под тој договор, Русите и Турците им дадоа на Курдите вкупно 150 часа за да се повлечат 30 километри од границата.

Турските трупи ќе продолжат да го контролираат подрачјето кое го преземале во неодамна започнатата офанзива против курдските борци, кои Анкара ги смета за терористи.

Планот на Турција исто така е да креира „безбедносна зона“ долж границата која ќе стане нов дом за два милиони сириски бегалци кои моментално се наоѓаат во Турција.

Турската офанзива почна откако САД одеднаш најавија повлекување на своите трупи од север во Сирија. Американската војска ги поддржа курдските броци со кои заедно се бореа против Исламската држава во тој регион.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека моменталната ситуација на границата е „голем успех“.

– Голем успех на турско-сириската граница. Безбедната зона е создадена! Примирјето се одржа и мисијата е завршена. Курдите се безбедни и многу добро соработуваа со нас“, напиша Трамп на Твитер.
Каква е ситуацијата на терен?

Договорот меѓу Путин и Ердоган е склопен во Сочи во вторникот. Договорено е руските и сириските сили да го надгледуваат повлекувањето на Курдите во подрачјето од реката Еуфрат, источно од Манбиџ, па се до ирачката граница на исток.

Веднаш во средата е објавено и дека руските сили ја поминале реката на пладне и дека напредуваат кон сириско-турската граница.

Воени конвои на полицијата стигнале нешто подоцна во Кобан и Манбиџ. Двата града се наоѓаат надвор од подрачјето кое е дел од воените операции на Турција, а руското министерство за надворешни работи во средата соопшти дека турските сили нема да бидат распоредени, пренесува Риа Новости.

Значи, договорот не се однесува за подрачјето кое моментално е под турска воена контрола – меѓу градовите Рас ал Аин и Тал Абјад. На Турците ќе им биде дозволено да ја задржат контролата таму.
Турската војска пренесува дека добила потврда од САД дека сите курдски борци го напуштиле тоа подрачје.

На што уште се однесува тој договор?

Откако рокот за повлекување на курдските борци ќе истече на 29 октомври, руските и турските трупи ќе почнат заеднички патроли во областите опишани како „на запад и исток подрачја во кои има турска офанзива“.

Во соопштението на Москва и Анкара исто така се пренесува дека курдските сили ќе бидат отстранети од Мнбиџ и градот Тал Рифат, 50 километри од Манбиџ.

Како почна целото ова?

Коалицијата предводена од САД се потпираше на курдските борци во борбата против милитанти на Исламската држава на север во Сирија во последните четири години.

Сепак , меѓу курдските борци доминираат членови на YPG, кои Турција ги смета за терористи. Пред само две недели претседателот Трамп објави дека ќе ги повлече американските трупи од Сирија. Недолго потоа, Турција започна офанзива против курдските сили.

Русија ги сместила трупите во близина на границата поради загриженост дека територијата на Сирија ќе биде нападната од странски сили.

Турција се согласила на барање на САД да го прекине нападот за курдските сили да се повлечат од тасканаречената безбедна зона.

Примирјето во голема мерка беше одржано, иако американските функционери јавуваа за одредени потешкотии.

Во последните две недели на североисток во Срија се иселени повеќе од 175.000 луѓе, меѓу кои и 80.000 деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот