Италијанскиот тим за административната грешка направена пред две години дозна дури сега.
Лацио цели две години не знаел дека платил 11 милиони евра на погрешен тим. „Лацијалите“ во 2017 година од Брага за споменатата сума го купија Педро Нето, но парите ги исплатиле на Спортинг.
За невидената брука, лацијалите се правдаат дека си збунило сличното име на екипите.
– За жал тоа е грешка на нашиот финансиски сектор. Ги збуниле сличните имиња на екипите – изјави Армандо Калвери, генералниот секретар на Лацио.
Официјалното име на Брага е Спортинг Брага, додека парите легнале на сметката на Спортинг Лисабон.
Тимот од Лисабон не пријави нелогичности во финансиите, но откако реагираа од Лацио, мораа да ги вратат парите кои потоа „легнаа“ на сметката на Брага.
Лацио во 2019 година го продаде Нето на англискиот Вулверхемптон.