Како правилно да го негувате лицето во есенските денови? – Слободен печат
ЕспресоУбавина

Како правилно да го негувате лицето во есенските денови?

Хидратацијата е задолжителна, намалете го неделниот број на пилинзи и ексфолирања

Времето и климата почнаа да се менуваат, а вие веќе треба да ја адаптирате грижата и негата за себе на новото годишно време.

Факт е дека кожата реагира поинаку кога е посуво и поладно, за разлика од топлите летни денови кога е под постојано влијание на сонцето.

Поради тоа, најпрво обрнете внимание на дополната хидратација, бидејќи кога е ветровито, кожата доста побрзо се суши.

Нанесувањето хидратантна крема нека биде дел од секојдневниот ритуал за нега, а ако вашата кожа е чувствителна, користете препарати со еластин, колаген или со алое вера.

Задолжително користете серум неколкупати неделно, кој е богат со витамини, активни состојки и есенцијални масла.

Но, не заборавајте да ја негувате кожата околу очите и околу устата со соодветните козметички производи. Во есен, треба да намалите со употреба на пилинзи и ретинол. За почеток, скратете еден третман од вообичаениот месечен број и распоредете го на повеќе денови измеѓу.

Кремата со заштитен фактор и понатаму е задолжителна, бидејќи УВ-зрачењето постои во текот на целата година. За крај, набавете серум или крема збогатени со витамин Ц, кој е многу корисен за кожата во текот на поладните месеци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close