Како пандемијата на коронавирусот ги смени нашите потрошувачки навики?

Profimedia

Животите на милиони луѓе ширум светот денес се многу поинакви од порано. Пандемијата на коронавирусот го преврте нашиот свет наопаку, а тоа многу влијаеше и на потрочувачките навики.

Ова се интересни статистички показатели за промената на потрошувачките навики во Соединетите Американски Држави, кои не се разликуваат многу од оние во останатие делови од светот.

Една третина Американци трошат пари поради стрес

Не чуди што многумина чувствуваат стрес за време на пандемијата, но зачудуваат различните стратегии на соочување со стресот. За некои тоа значи трошење пари.

Истражувањето на американската организација „Кредит карма“ покажало дека 35% од испитаниците импулсивно трошат пари за да се изборат со стресот поради коронавирусот. Меѓу нив 45% барем еднаш неделно беспотребно купуваат нешто, а 17% од нив импулсивно купуваат секој ден.

Profimedia

Непотребни трошоци на забава и алкохол

Иако веројатно трошите помалку пари на излегување во кафулиња, одење во кино или во театар, постои шанса дека вашата потрошувачка се зголемила на други извори на забава, пишува Хафингтон пост.

Американците непотребно трошат најмногу пари на забава (29%) и на алкохол (23%), покажало истражувањето.

Онлајн купувањето за 60% поголемо отколку минатата година

Американците преку интернет најмногу купуваат храна, предмети за домаќинство, козметички производи и производи за нега на домашните миленичиња и на бебињата.

Купување средства за дезинфекција на раце

Производот чија продажба драстично порасна овие неколку месеци дефинитивно е средството за дезинфекција на рацете.

Податоците од истражувањето на компанијата „Нилесен“ покажуваат дека продажбата на средства за дезинфекција пораснала дури 420 проценти.

Повеќе се купува смрзната храна

Во Америка смрзната храна се купува 47 % повеќе во однос на минатата година.

Избегнување на користењето на јавниот превоз

Пандемијата на коронавирусот ги измени ставовите на луѓето за користење на јавниот превоз, покажало истражување на ИБМ. Повеќе од 20% од испитаниците од Америка, кои редовно се возеле со автобуси, подземна железница или со возови, рекле дека веќе нема да ги користат тие превозни средства. Дури 24% од испитаниците рекле дека веќе нема да користат такси.

Бесконтактно плаќање

Многу продавачи и купувачи се загрижени поради физичкото користење на парите и неговото влијание на ширењето на коронавирусот. Затоа потрошувачите се вртат кон технологијата и кон бесконтактното плаќање.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот