Како легендата на Јувентус, Антонио Конте стана персона нон грата во Торино

Фото: inter.it

Вечерва во Милано се игра најголемото дерби во италијанскиот фудбал „Дерби Итлаија“, помеѓу Интер и Јувентус. Тренерот на Интер, како играч е една од легендите на Јувентус, остана со тимот кој го сакаше и кога беше исфрлен во втората лига поради скандалот Калчополи, но со враќањето на победничките патеки во италијанскиот фудбал започнаа проблемите на Конте, во прв ред со претседателот Ањели, а потоа и со навивачите по што тој сега е персона нон грата во Торино.

Конте дополнително го навлече гневот на навивачите ова лето кога седна на клупата на најголемиот ривал, Интер, по што навивачите на „старата дама“ започнаа петиција за да му се тргне ѕвездата од „Алијанц“ Арената.

– Тие кои ја потпишаа петицијата за да ми се одзеде ѕвездата на стадионот на Јувентус се незнајковци, тоа не се навивачи. Мојата порака до навивачите на Јувентус беше кристално јасна, ова е само фудбал, ривалство кое треба да ги промовира вистинските вредности, а не омразата – изјави летово Конте.

Конте се одлучи да ја прифати понудата на Интер бидејќи не дојде повикот што го очекуваше, од неговиот тим во кој ја мина речиси целата кариера. Масимилијано Алегри по завршувањето на минатата сезона се раздели со Јувентус, дури и навивачите лобираа Конте да биде негов наследник надевајќи се дека со него ќе успеат да триумфираат во Лигата на шампионите.

Но, враќањето на Конте не беше опција во ниту еден момент, иако директорите Недвед и Паратичи сериозно размислуваа за него, претседателот Ањели даде директна наредба, во никој случај да не му биде дозволено на Конте да се врати во Торино.

Причината за ваквата наредба на Ањели е кавгата и тешките зборови на Конте при заминувањето од екипата, на само два дена пред стартот на сезоната во 2014 година. Антонио Конте имаше договор на уште една сезона и бараше засилувања бидејќи сметаше дека со тој состав не може да направи ништо во ЛШ. Неговиот наследник, Алегри со истиот тим играше во финалето на ЛШ и загуби од Барселона.

Потоа Ањели на годишното собрание на акционерите изјави дека тие кои веруваат во проектот на Јувентус, клубот им е на првото место. Точно се знаеше за кого беа упатени тие зборови, а одговорот дојде во вид на навреди од страна на тренерот кој тогаш седеше на клупата на Челси.

Во Јувентус му се гневни на Конте бидејќи по заминувањето од клупата, веднаш ја прифати понудата на итлаијанската федерација и стана селектор иако знаеше дека клубот и федерацијата се во војна поради одземените две шампионски титули поради Калчополи кои му припаднаа на Интер.

Но, и поради податокот дека федерацијата чекаше пет години за да се прогласи за ненадлежна за случајот иако оттогаш испливаа на виделина докази со кои се потврдува дека и Интер бил вмешан со скандалот. Јувентус ги загуби сите судски битки досега, но постојано поднесува нови тужби, а причината не се титулите туку 450 милиони евра кои ги бара на сметка на причинета штета кога беа исфрлени од Серија А и пратени во втората лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот