Како Куман ја смени играта на Барселона која гази се пред себе во Ла Лига

Фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Барселона вчера го декласира Реал Сосиедад со 1:6 и тоа на гости со што ја продолжи трката за шампионската титула со мадридските Атлетико и Реал. Атлетико е лидер на табелата со 66 бода, додека Барселона е второпласирана со четири бода помалку, а два повеќе од Реал Мадрид.
За тоа во каква форма се наоѓа Барселона најдобро покажуваат бројките, во последните 13 кола во Ла Лига, каталонците имаат 12 победи и едно реми, односно освоија 37 од можни 39 бодови и тоа ја натера „Марка“ да анализира што се смени во играта на Барселона за да гази се пред себе во Ла Лига.
„Барселона се наоѓа во неверојатна форма и нема никаква врска со екипата која пред седум месеци ја започна сезоната. Потребно беше време, но Ронал Куман го пронајде рецептот за успех. За овие седум месеци, тој менуваше тактики, формации и играчи, но сега конечно го склопи мозаикот“, пишува „Марка“.

За да сфатите дека Барселона е кандидат за титулата, доволно е да се погледне натреварот против Реал Сосиедад и да видите како победуваат тие, а како до бодови доаѓаат Атлетико и Реал. Куман во последно време игра во формација 3-5-2 каде Жорди Алба игра како лево крило, а Сержињо Дест десно. Во оваа формација Дест и Алба имаат поголема слобода во нападот и тоа се гледа во нивните бројки. Ваквата формација им одговара и на играчите од средниот ред кој имаат повеќе слобода во играта, и помалку грешат во додавањата“.

Во 2021 година фантастично игра и првата ѕвезда Лионел Меси кој пред почетокот на сезоната сакаше да си замине од „Камп Ноу“, но сега изгледа дека е поблиску до потпишување на нов договор со Барселона.
„Статистиката на Меси во 2021 година е неверојатна, а воедно е и доказ дека се чувствува одлично во тимот. Меси и Дембеле имаат повеќе простор во нападот и повеќе решенија со кои можат да ја надмудрат противничката одбрана. Задоволството на Меси најдобро се гледа по неговата насмевка, а исто така блиску е и до освојување на наградата за најдобар стрелец во Ла Лига“, пишува „Марка“.

Според весникот, Куман кој е најзаслужен за одличните игри на Барселона, доби на сомодоверба откако новиот претседател Жоан Лапорта му рече дека нема да го менува и го поттикна да продолжи да им дава шанса на младите фудбалери од Ла Масија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот