Како изгледа iPhone од 24.500 долари (ФОТО)

Пилагодените iPhone модели, декорирани со злато, дијаманти и ретки животински кожи со цена од повеќе илјади долари не се ништо ново…

Сепак, Caviar iPhone XS Grand Complication Skeleton Diamond Edition е малку поинаков од сите нив. Овој модел има механички часовник во својот заден дел. Caviar iPhone XS Grand Complication Skeleton Diamond Edition моделот е достапен и во XS Max верзија исто така.

Она што малку не зачуди, мора да признаеме, е фактот дека гаранцијата за овој телефон, за кој мора да издвоите 24.500 долари, е само една година. Без оглед на тоа, еве што се го краси:

Тој има позадина од црн, гравиран титаниум, со позлата и 252 дијаманти. На долниот дел од позадината на телефонот, се наоѓа златна плочка со Caviar името.

Часовникот кој е инсталиран содржи бројчаник од платина, а него го штити сафирно стакло. Со оглед на тоа дека часовникот не е поврзан со телефонот за да се напојува, морате да го навивате на секои 30 часа со помош на позлатенатата корона. Иако тој незначително ја зголемува дебелината на Apple дизајнот, веруваме дека ниедна маска не може да го собере овој телефон.

Освен часовниот и интригантниот дизајн, Caviar iPhone XS е ист како и било кој друг од оваа линија.

Доколку сакате ваков телефон, брзо подгответе пари и нарачајте го, бидејќи ќе бидат креирани само 99 парчиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот