Како Џонсон ја излажа кралицата, зошто не му рече „не“ и со какви последици ќе се соочи?

Фото: Профимедиа

Врховниот суд на Велика Британија денес пресуди дека суспензијата на парламентот која кралицата Елизабета Втора ја одобри на барање на премиерот Борис Џонсон е незаконска. Британската јавност го обвинува Џонсон дека ја излажал кралицата, принудувајќи ја да го прекрши законот. Сепак, неколку прашања останаа без одговор – која е лагата на Џонсон, зошто кралицата не кажала „не“ и со какви последици може да се соочи?

Која е лагата на Џонсон?

Пресудата на Врховниот суд не укажува јасно дека Џонсон лажел, но со неа суспензијата е отфлена бидејќи, како што е наведено, немало разумна причина, пишува српски „Блиц“.

– Одлуката на Борис Џонсон да ја советува Кралицата да го суспендира парламентот била незаконска поради тоа што создала незадоволство и го спречила парламентот да ги спроведува своите уставни функции, без разумно оправдување – рече претседателката на судот Брета Хале.

Во делот на јавноста и опозицијата, која од почетокот жестоко ја критикуваше суспензијата, недостатокот на „разумна причина“ е протолкувано како објаснување кое Џонсон и го дал на кралицата.

Објаснувањето кое Џонсон и го понудил на Елизабета Втора и на британската јавност било дека на владата и е потребно време за да ја подготви агендата за периодот по Брегизт, ветувајќи дека во тој период ќе работи на нов, подобар договор со ЕУ од оној кој претходно го постигна Тереза Меј (а три пати беше отфрлен во парламентот).

Настрана што тоа не се случи и што и тогаш беа ниски шансите дека Брисел и Лондон ќе најдат заеднички јазик за спорниот „бекстоп“ систем за границата со Северна Ирска, Џонсон ја уверуваше јавноста дека време за раговор за Брегзит ќе има. Сепак, од враќањето на парламентот на 14. октомври до истекот на рокот до кој Џонсон ветува дека ќе ја изнесе Велика Британија од ЕУ остануваат само две недели.

Опозицијата, секако реагираше бурно, обвинувајќи го Џонсон дека подготвувањето на агендата го користи како изговор всушност да ги намали времето на пратениците да расправаат за неговите планови. Откако на располагање имаа само неколку дена до почетокот на суспензијата (9. септември), опозицијата, со неколку бунтовници од редовите на Конзервативната партија на Џонсон, успеа да изгласа закон со кој го обврзува премиерот да бара одложување на Брегзит доколку не е постигнат нов договор со Брисел.

Дали кралицата може да го одбие барањето на премиерот?

На тајниот состанок во дворецот Балморал, министрите кои ги испрати премиерот Борис Џонсон и формално побараа од кралицата да го суспендираат парламентот на еден месец. Кралицата го одобрила барањето, а прашањето кое се поставува е дали таа можела да го одбие тој предлог. Одговорот – практично е не.

Кралицата нема можност да носи политички одлуки и практично се смета за неутрална, иако е шеф на државата. Барањето кое Џонсон го поднел во таа смисла било најобична формалност. Тој сам не можел да донесе одлука за тоа, пратениците во парламентот не можат да гласаат „за“ или „против“ суспензија на парламентот, а кралицата само ја потврдила одлуката.

Во случај да го одбиеше барањето, тоа би бил чекор без преседан.

Што се случува доколку кралицата го прекрши законот?

Ако кралицата го суспендира парламентот без разумно објаснување или во заблуда, односно незаконски како што судот рече, тогаш се поставува прашањето дали ќе одговара за кршење на уставните закони и оневозможување на најважните институции на британската политика да ја вршат својата работа. И тоа во незгоден момент – во деновите кога се носат важни одлуки за иднината на земјата.

Кралицата не може да биде тужена. Таа е шеф, има имунитет, но е прашање само имунитетот. Кралицата пред законот не е одговорна за ништо, а какви привилегии има зборува и тоа дека не и треба пасош за да може да патува, не плаќа даноци, дури не мора ни да има дозвола за да седне зад волан. Како што се наведува на официјалниот сајт на кралското семејство, против кралицата не може да се води никаква постапка.

– И покрај тоа што против кралицата не може да се водат граѓански и кривични постапки, кралицата внимава во нејзините активности во лично својство да се спроведуваат во строга согласност со законот – стои на стајтот Royal.uk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот