Како да направите чоколаден сјај за усни

Природната козметика има многу предности, дава сигурност и квалитет на готовите производи. Да направите сјај за усни со свои раце- е вистинска идеја.

Започнете го процесот на производство и за 20 минути се ќе биде готово!

Состојки потребни за подготовка на сјајот:

-1 супена лажица вазелин,

-20-30гр. горчлива црна чоколада,

-половина кафена лажичка цимет,

-половина кафена лажичка рицинусово масло (може да се замени со бадемово, кокосово, невеново).

Подготовка:

Изрендајте го чоколадото, стопете го на пареа (или микробранова печка).

Во стопеното чоколадо додадете вазелин. Добро промешајте ја смесата. Сипете цимет и масло во истата. Повторно добро измешајте. Тргнете го од шпорет и својот иден чоколаден сјај сипете го во соодветно кутивче. Ставете го во фрижидер да се излади.

Не треба да се грижите, ако сјајот е многу течен, набрзо ќе се стегне во фрижидерот.

Нежно се нанесува на усните и им дава влажен сјај, поради рицинусовото масло во својот состав.

Навистина е-вкусна убавина!

Сјајот треба да се чува во фрижидер, бидејќи природната козметика брзо се расипува. Но, не значи дека не смеете да го носите со себе, само враќајте го кутивчето секоја ноќ во фрижидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот