Каевски и Богоев мета на хакерски напад: се крадат пасворди, згаснуваат фан страници

Во моментов се случува масивен интернационелен фишинг напад на Фејсбук, доколку се кликне на линкот ви го крадат пасвордот на профилот и ги преземаат и гаснат страните каде сте администратори.

Ве молиме да не кликате на линкот добиен од „Facebook notification reconfirm Review“.

Дарко Каевски. Фото: Фејсбук

Лидерот на младината на СДСМ и директор на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски на својот Фејсбук профил исто така објави дека неговата фејсбук страна е хакирана.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев е исто така мета на хакерски напад, на неговиот фан пејџ може да се забалежи промена на името под профилната слика.

Богоев вели дека проблемот го пријавил до надлежните институции и бара итно да се врати страницата во функција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот