Кадетите ќе учествуваат на Европското кошаркарско првенство во Скопје

фото: kfsm.mk

Македонската кошаркарска репрезентација „Под 16“ години ова лето ќе учествува на Европското првенство кое ќе се одржи во Скопје.

Во текот на наредната недела, почеток на подготвителниот период ќе означи и нашата селекција која ја очекува настап на ЕП од Дивизијата „А“, кое ќе се игра во нашиот главен град во периодот од 5 до 13 август 2023.

Селекторот Александар Јованчев и неговите асистенти, Милош Нинковиќ и Тино Даневски, одредија почетокот на подготовките да биде на 22 јуни (четврток) со почеток во 19.00 часот во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Согласно со планираните активности, лекарските прегледи ќе бидат реализирани на 21,22 и 23 јуни, во клиниката „Аџибадем Систина“ во Скопје.

Потсетување дека на континенталниот собир кадетите ќе играат во групата „Б“ со Литванија, Франција и Белгија.

Список на повикани кошаркари:

Доријан Ивановски – Цедевита Јуниор – Хрватска
Тодор Делипетров – Италија
Сергеј Петровиќ – МЗТ Скопје Аеродром – Скопје
Борјан Китановски – МЗТ Скопје Аеродром – Скопје
Лазар Кузмановски – Куманово

Глигор Цаневски – Куманово
Филип Сребров – Водно санс – Скопје
Никола Јаничиќ – Водно санс – Скопје
Лука Марјановиќ – Водно санс – Скопје
Дамјан Ивановски – Феникс 2010 – Скопје

Лука Шуменковски – Феникс 2010 – Скопје
Лука Антиќ – Феникс 2010 – Скопје
Марио Симиќ – Работнички – Скопје
Даријан Димовски – Работнички – Скопје
Григориј Ѓорѓевиќ – Вардар – Скопје

Љубен Ефтимовски – Вардар – Скопје
Алексеј Нешовиќ – Вардар – Скопје
Жарко Терзиевски – Вардар – Скопје
Стефан Сапроновски – Вардар – Скопје
Илин Најков – Вардар – Скопје
Христијан Несторовски – Еуро Никел 2005 – Кавадарци
Благојче Димитровски – Пелистер – Битола
Матеј Митревски – Баскет Кам – Македонска Каменица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот