Кадетите ќе се подготвуваат за Европското кошаркарско првенство Дивизија „А“

Кадетите во СРЦ „Кале“ ќе има четири тренинзи/фото: kfsm.mk

Спортскиот директор на нашите национални селекции, Марјан Србиновски и селекторот на селекцијата „Под 16“ години, Александар Јованчев, одлучија почетокот на наредната седмица да биде резервиран за првиот собир на генерацијата на кошаркари родени 2007 година (и помлади).

На 28 и 29 ноември, македонската кадетска репрезентација во салата на СРЦ „Кале“ ќе одработи четири тренинзи.

А веќе на 30. ноември, следува и проверка на сработеното, конт​​ролен натпревар против екипата на Работнички 2018, составена, во најголем дел од играчи кои се дел од нашата јуниорска селекција.

Ова ќе биде своевиден вовед во она што следува во текот на календарската 2023 година, во која кадетската селекција на Македонија ја чека и настап на Европското првенство од Дивизијата „А“.

Потсетување дека претходно ЕП за кадети се одржа во нашата земја во кое нашите млади кошаркари обезбедија опстанок.

На списокот на повикани играчи се наоѓаат:

Марио Симиќ – КК Работнички – Скопје
Дамјан Павловски – КК Работнички – Скопје
Сергеј Петровиќ – КК МЗТ Скопје Аеродром
Борјан Китановски – КК МЗТ Скопје Аеродром
Бојкен Бајрами – КК Тетова Булс – Тетово
Никола Јаничиќ – КК Водно Санс – Скопје
Лука Марјановиќ – КК Водно Санс – Скопје
Лука Антиќ – КК Феникс 2010 – Скопје
Ѓорѓи Цветковски – КК Феникс 2010 – Скопје
Дамјан Ивановски – КК Феникс 2010 – Скопје
Стефан Сапроновски – КК Вардар – Скопје
Илин Најков – КК Вардар – Скопје
Жарко Терзиевски – КК Вардар – Скопје
Григориј Ѓорѓевиќ – КК Вардар – Скопје
Љубен Ефтимовски – КК Вардар – Скопје
Алексеј Нешовиќ – КК Вардар – Скопје
Ѓорѓи Кузмановски – MКК Куманово
Лазар Кузмановски – MКК Куманово
Глигор Цаневски – MКК Куманово
Лазар Гиновски – КК МЗТ Скопје Аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот