Каде грешат жените при орален секс – Слободен печат
ЕспресоСекс

Каде грешат жените при орален секс

Овие неколку грешки најчесто ги прават неискусните, прочитајте и поправете го вашето искуство. Верувајте максимално ќе уживате.

Пружањето орално задоволство на партнерот за време на сексот некогаш може да тргне наопаку и тоа само поради неколку грешки.

Но, пред да се впуштите во ваквата игра, потребно е и двајцата партнери да го сакаат тоа. Всушност, првата грешка потекнува токму од несогласувањето околу оралниот секс.

Гадење

Ако самата помисла на орално задоволување предизвикува мачнини и гадење, тогаш дефинитивно нема да биде убаво ни за едниот и за другиот. Подобро е без орален секс, отколку тој да се случува под притисок и без задоволство.

„Работа“ со заби

Иако љубовните игри вклучуваат и по некое гризење, кога е во прашање оралниот секс, треба да се користат што помалку заби. При целосна ерекција, машкиот полов орган е пречувствителен, па така може да почувствува непријатно гребење, па дури и болка доколку го допирате пречесто со заби.

Сувост

Како и при секое сексуално задоволување, така влажноста е важна и за оралниот секс. Машкиот орган е чувствителен на триење и ако не е доволно влажен, целото искуство може да биде доста непријатно.

Агресивност

Оралното задоволување на машкиот полов орган се нарекува уште и „пушење“ во жаргонскиот говор, но тоа не значи дека треба девојката да го прави тоа буквално. Оваа грешка најчесто ја прават неискусните, мислејќи дека со создавањето вакуум всушност причинуваат поголемо задоволство кај партнерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close