Кацарска: Пред изрекување на пресудата за „Тенк“, разубедив поротник да не се откаже од судењето

Фото: Принтскрин

Добрила Кацарска, судијката од Скопскиот кривичен суд, во интервју за „Макфакс“, кое ќе биде објавено во петок, говори за најавениот ветинг во правосудството, за довербата на граѓаните во судиите, како и за застарувањето на предметите и обидите за изигрување на судските постапки.

Кацарска рече дека пред донесување пресуда во случајот „Тенк“ на СЈО, каде што беа обвинети, а подоцна и осудени Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски, еден од поротниците најавил дека сака да се откаже од судењето поради здравствени причини, но таа успеала да го разубеди и предметот за набавката на „мерцедесот“ да не застари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот