Јувентус се пишмани, ќе го враќа Алегри на клупата?

твитер

Најблиските луѓе околу претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, вршат притисок тренерот Маурицио Сари да добие отказ и да биде заменет со Масимилијано Алегри, пишува весникот „Република“.

„Старата дама“ минатото лето го замени Алегри со Маурицио Сари, но се чини дека промената на тренерот не ги донесе очекуваните резултати.

Поради тоа веќе се врши притисок Сари да добие отказ бидејќи стравуваат дека доколку не се реагира веднаш, Јувентус може да ја загуби трката за титулата во Серија А од Интер, додека шансите за триумф во Лигата на шампионите се минимални.

Масимилијано Алегри минатото лето беше заменет со Сари, но сè уште се наоѓа на платниот список на „старата дама“. Алегри пет години по ред триумфира во Серија А, но челниците на екипата не му простија што два пати губеше во финалето на ЛШ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот