Јувентус подготвува дрим-тим, три големи ѕвезди пред потпис

Анхел ди Марија две години во дресот на „Старата дама“/Фото: EPA-EFE/ERNSTO

Фудбалскиот клуб Јувентус е на прагот да доведе тројца фудбалери во своите редови – Пол Погба, Анхел ди Марија и Иван Перишиќ.

Според италијанските медиуми, на Погба му бил понуден тригодишен договор со плата од 7,5 милиони годишно, додека Ди Марија би имал половина милион помалку.

Францускиот играч за врска Погба веќе беше во Јувентус во периодот од 2012 до 2016 година, по што потпиша за Манчестер јунајтед, во кој според мислењето на многумина не се прослави. Во последните неколку сезони имаше многу проблеми со повредите, кои го оддалечуваа од терените.

Што се однесува до Ди Марија, неговиот договор со ПСЖ истекува и тој би можел бесплатно да премине во торинскиот тим. Аргентинецот оваа сезона постигна четири гола и девет асистенции.

Исто така, на „Старата дама“ би можел да ѝ се приклучи и хрватскиот репрезентативец Перишиќ, чиј договор со Интер наскоро истекува. Според „Гаѕета дело Спорт“, Хрватот има договор со челниците на Јувентус, а трансферот би можел наскоро да биде официјализиран.

Џорџо Кјелини и Пауло Дибала на домашен терен во Торино го одиграа последниот натпревар во Серија А против Лацио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот