Јувентус, Наполи и Рома се договорија, Џеко и Милик ги менуваат клупските бои

Преговорите кои траеја неколку недели и иако во одредени моменти изгледаше дека се ќе падне во вода, вечерва конечно завршија и Јувентус, Наполи и Рома направија договор со кој Един Џеко се сели во Торино, а Аркадиуш Милик оди во Рим.

Скај Италија јавува дека вечерва се е договорено и само се чека официјално соопштение од трите клуба, а во меѓувреме ги дозна и бројките.
Јувентус на Рома ќе и плати 15 милиони евра за Един Џеко кој ќе добие плата од 7.5 милиони евра годишно плус дополнителни бонуси.

Милик во Рома доаѓа како замена за Џеко, но „римската волчица“ прво ќе го позајми, а идното лето ќе мора да го откупи неговиот договор. Во тој случај Наполи ќе инкасира 18 милиони евра плус дополнителни седум милиони евра во лесно остварливи бонуси.

За Милик и официјално да може да се пресели во Рома, прво ќе треба да потпише нов договор со Наполи кој ќе трае до 2022 година, но според Скај Италија тоа е формалност.

Доаѓањето на Џеко значи дека „старата дама“ и дефинитивно се откажа од Луис Суарез од Барселона кој исто така беше една од посакуваните желби на тренерот Андреа Пирло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот