Јувентус и ПСЖ договараат спектакуларна размена

Роналдо би можел наскоро да се врати во Премиер лигата/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

ПСЖ планира да донесе играчи ова лето со кои следната натпреварувачка сезона ќе тргне во нов лов на европската титула.

Холандскиот капитен Џорџино Вајналдум, италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, шпанскиот ветеран Серхио Рамос и поранешниот играч на Интер, Ашраф Хакими, веќе пристигнаа во парискиот клуб.

Надоместок е платен само за Хакими и изнесуваше 60 милиони евра, а сега се подготвува друга зделка која не вклучува паричен надоместок.

„Дејли Мејл“ објави дека Јувентус и ПСЖ договараат спектакуларна размена на играчи. Мауро Икарди треба да дојде во Торино, а Кристијано Роналдо би тргнал во спротивната насока.

Иднината на Роналдо во Јувентус е неизвесна по враќањето на Масимилијано Алегри, тренер кој беше против пристигнувањето на Роналдо во Торино од самиот почеток, а сега се чини дека италијанскиот великан најде модел по кој може да се реши.

Англичаните пишуваат дека Роналдо не е против оваа идеја, бидејќи тој верува дека со ПСЖ има повеќе шанси да ја освои Лигата на шампионите отколку со Јувентус.

Роналдо со три зборови ја разреши дилемата дали останува во Јувентус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот