Роналдо со три зборови ја разреши дилемата дали останува во Јувентус

Кристијано Роналдо три години го носеше дресот на Јувентус пред да се пресели во Манчестер јунајтед/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Кристијано Роналдо денеска одлучи да стави крај на сите шпекулации поврзани со неговата иднина во Јувентус.

Само еден ден откако потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед објави дека очекува Португалецот да и се приклучи на екипата на 25 јули, денеска самиот фудбалер објави дека и во следната сезона ќе го носи дресот на „старата дама“.

Јувентус, пристигнав. Останувам тука“, кратко изјави Роналдо за „Газета дело Спорт“.

Договорот на Роналдо со Јувентус истекува идната година, а се очекува двете страни наскоро да седнат и да разговараат за нов договор и со тоа конечно да се стави крај на шпекулациите дека ќе потпише за ПСЖ, Манчестер јунајтед или ќе се врати во клубот во кој ја започна професионалната кариера, Спортинг Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот