Јунајтед и Интер подготвуваат голема размена

twitter.com/Realmadridplace

Англискиот тим е подготвен да го прати проблематичниот Погба во Интер но само под еден услов.

„Дејли Мирор“ пишува дека Манчестер јунајтед е подготвен да го прати Пол Погба во Интер доколку италијанскиот тим во спротивен правец го испрати одличниот напаѓач, Лаутаро Мартинез.

Според весникот, Погба кој не сака да остане во Јунајтед, нема ништо против повторно да соработува со Антонио Конте кој му беше тренер во Јувентус, а исто така нема ништо против да потпише за најлутиот ривал на поранешниот тим.

Пол Погба изминатото лето постојано беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид или враќање во Јувентус, но на крајот не испадна ништо од тоа и францускиот репрезентативец остана на „Олд трафорд“ каде не се наигра во првиот дел од сезоната.

twitter/Inter

Сега „Дејли Мирор“ тврди дека Јунајтед го понудил Погба на Интер но бара во трансферот да биде вклучен Лаутаро Мартинез, кој е на радарот и на Барселона.

Младиот 22-годишен Аргентинец сезонава на 16 натпревари постигна осум голови и заедно со Ромелу Лукаку е најзаслужен што Интер е лидер во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот