Јовица Станишиќ бил агент на ЦИА

Фото: Профимедиа

Шефот на државната безбедност на Србија во времето на Слободан Милошевиќ, Јовица Станишиќ бил агент на ЦИА. Поранешниот бртиански амбасадор во белград Ајвор Робертс за време на своето сведочење во Хаг пред судиите изјави дека Станишиќ додека бил на позицијата директор на државната безбедност ,работел и добивал наредби од ЦИА .

Робертс потенцирал дека за обелоденувањето на оваа информација имал забрана од британската влада и дека неодамна бил предупреден од Лондон да не излегува во јавност со чувствителни разузнавачки информации, односно да дава податоци кои високи функционери се врбувани од странски разузнавачки агенции.

Робертс беше амбасадор на Велика Бртианија во Србија во периодот од 1994 до 1997 година, време кога на власт беше Слободан Милошевиќ. Во тоа време шеф на државната безедност беше Јовица Станишиќ кој обвинет за воени злосторства во Босна и Хрватска.

Поранешниот амбасадор Робертс кој на ова судење е во улога на сведок, го посочи поранешниот Југословенски и српки претседател Милошевиќ како главен виновник за распадот на Југославија и главен исниратор за војните меѓу поранешните републики.

Робертс претходно објави и книга “Разговори со Милошевиќ” каде тврди дека бил сведок како Милошевиќ му наредил на Јовица Стнишик да му пренесе на тогашниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ да ги ослободи заробените преставници на Обединетите нации, нарекуваки го Караџиќ политички ,,Франкештајн”. кој одбивал наредби од Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот