Јокиќ го потпишува најбогатиот договор во историјата на НБА лигата

Никола Јокиќ („Денвер нагетс“)/фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Двократниот најкорисен играч (МВП) во американската професионална НБА лига Никола Јокиќ (27) ќе го продолжи договорот со Денвер нагетс, според кој ќе заработи рекордни 264 милиони долари во периодот од 2023 година до 2028 година. Тоа е најбогатиот договор во историјата на НБА.

Јокиќ пристигна во Нагетс во 2015 година како 41 пик на драфтот, минатата сезона беше првиот играч во историјата кој постигнал повеќе од 2000 поени, 1000 скокови и 500 асистенции.

Јокиќ со 264 милиони долари го надмина договорот од 251 милион долари за пет години, што само неколку часа претходно го потпиша дефанзивецот Бредли Бил (29) со Вашингтон визардс.

Минесота тимбервулвс реши да ѝ понуди максимален договор на својата најголема ѕвезда Карл-Ентони Таунс (26), според кој треба да заработи 224 милиони долари за периодот од 2024 до 2028 година, а со ова зголемување неговата плата во следните шест сезони би достигнала 295 милиони долари.

Големо покачување доби и Џа Морант (22) од Мемфис гризлис, кој потпиша четиригодишен договор вреден 193 милиони долари. Еден од најбараните слободни играчи на пазарот, дефанзивецот Џејлен Брунсон (25) се согласи на четиригодишен договор со Њујорк никс вреден 104 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот